Tuesday, October 9, 2007

Атеист

Шета атеист низ шума. И се восхитува. - Колку убави стебла! Колку бујни реки! Колку прекрасни животно! Додека така шета покрај реката, слуша шушкање во грмушката зад себе. Се врти и здогледува гризли од 3 метри кој е веќе над него и само што не го треснал некоја со шепата. Тој потрчал најбргу што можел по шумската патека.
Поглгледнува преку рамо и гледа гризлито трча уште побргу и се' повеќе му се доближува.
Трча, трча, трча, трча... И повторно погледува преку рамото, гледа гризлито уште поблиско. Се препнува и паѓа! Почнува да станува, но гледа дека гризлито е над него со ширум отворена уста. Во тој миг атеистот зацвикал: „О, Господе мој!“ Времето запира. Мечката останува на место како замрзната, во шумата мртва тишина се облеува. Атеистот го заплиснува силна светлина, небото се отвара и се слуша глас: „ Го негираш моето постоење сите овие години, ги учиш другите дека не постојам, а создавањето на живот `и го припишуваш на вселенска случајност. Сега очекуваш да ти помогнам во оваа неволја? Треба ли да те сметам за верник?

Атеистот погледнал право во светилната.
„ БИ било лицемерно од Тебе одеднаш да ме третираш како христијанин, но би можел од оваа грзли да направиш верник?“ - Добро - рече гласот.
Светлината ја снема.Шумата оживеа. А гризлито ја спушти својата шепа врз атеистот, ги склопи очите, ја наведна главата и рече:
„Господе, благослови ја оваа храна, овој дар што го примам од твоето обилие. Амин.“

No comments: