Wednesday, October 3, 2007

Пандев вечерва против кралевите од Мадрид

Вечерва нашиот најдобар играч, Горан Пандев ги пречекува кралевите од Мадрид на Олимпико. Заради повредата на Роки , Пандев во нападот ќе игра со нигерецот Макинва, кој одигра добар натпревар против Реџина. Исто така на овој натпревар од тимот на Лацио нема да може да настапи и Себастијано(играч од средниот ред на Лацио).

Лацио оваа сезона е во слаба форма, кој има само една победа во Серија А , а на првиот натревар од Лигата на Шампионите против грчкиот Олимпијакос одиграа само 1:1.

Сега малце 2-3 збора и за Реал Мадрид.
За Реал Мадрид нема да може да настапи Робињо, а Ван Нистерлрој ќе игра во нападот со Раул. Иако Реал Мадрид во овој дуел влегуваат како фаворити, иако сум фан на Реал Мадрид, имам голема желба Пандев да постигне гол.

Во другите натпревари освен Лацио - Реал Мадрид се среќаваат:
Ливерпул - Олимпик Марсеј
Бешикташ - Порто
Валенсија - Челзи
Розебборг - Шалке
Лацио - Реал Мадрид
Вердер - Олипмијакос
Селтик - Милан
Бенфика - Шахтар

No comments: